Дипломатските односи помеѓу република Северна Македонија и Кралството Шпанија се воспоставени на 28 јули 1994 година.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Билатерален договор меѓу Македониската Влада и Шпанската Корпорација за осигурување на кредити во извозот С.А. (ЦЕСЕ) за репрограмирање на надворешниот долг на Република Македонија“
- склучен во Париз на 27 септември 1996 година и во Мадрид на 30 септември 1996 година.
- во сила од 11 февруари 1997 година
2. „Спогодба за меѓународен патен сообраќај меѓу Македонската Влада и Владата на Шпанија“
- склучена во Скопје на 2 март 1999 година
- во сила од 29 декември 1999 година
3. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај меѓу Македонската Влада и Владата на Шпанија“
- склучена во Скопје на 2 март 1999 година
- во сила од 29 декември 1999 година
4. „Договор меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за унапредување и реципрочна заштита на инвестиции“
- склучен во Мадрид на 20 јуни 2005 година
- во сила од 30 јануари 2007 година
5. „Спогодба за културна, образовна и научна соработка меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада“
- склучен во Мадрид на 20 јуни 2005 година
- во сила од 30 јануари 2007 година
6. „Договор меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на данокот на доход и данокот на капитал“
- склучен во Мадрид на 20 јуни 2005 година
- во сила од 1 декември 2005 година
7. „Договор меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за преземање на лица со незаконски престој на нивните територии“
- склучен во Скопје на 06 Февруари 2006 година
- во сила од 20 ноември 2006 година
8. „Договор меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за заемно признавање и замена на националните возачки дозволи“
- склучен во Скопје на 6 октомври 2011 година
- во сила од 28 јуни 2013
9. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Шпанија за размена и заемна заштита на класифицирани информации“
- склучена во Мадрид, на 5 ноември 2014 година.
- во сила од 23 јули 2015 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за заемно укинување на визи во дипломатски и службени пасоши“
- склучена во Мадрид на 3 јуни 2003 година