Османи на Самитот на Франкофонија на средби со Трудо, Мишел и други светски лидери

21 ноември 2022

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на Самитот на шефови на држави и влади на Франкофонијата, што се одржи во островот Џерба, Тунис, оствари серија билатерални средби со бројни светски лидери, меѓу кои и со канадскиот Премиер, Џастин Трудо, како и со Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во рамките на средбите, покрај темите на Самитот на франкофонијата, Османи ги искористи за размената на мислења за актуелните теми поврзани со европските интеграции на земјата, геополитичките предизвици во рамките на сојузништвото во НАТО, како и за приоритетите на претстојното претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

Светските лидери на земјите членки на Франкофонијата два дена беа собрани во Џерба, Тунис, на Самитот на франкофонијата што за прв пат се одржува во северноафриканска арапска земја, а каде учествуваа шефови на држави и влади на 88 земји од 5 континенти.

 

Џерба, 19 ноември, 2022