Средба Османи - Пуиг

23 ноември 2022

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Еквадор во Република Северна Македонија, со седиште во Рим, Мигуел Фалкони Пуиг.

На средбата, Османи изрази уверување дека со неговото дипломатско искуство амбасадорот Пуиг ќе придонесе за развојот на билатералните односи и унапредување на соработката меѓу двете земји. Воедно, соговорниците ги разгледаа потенцијалите за зајакнување на економските и бизнис врски, поздравувајќи ја соработката во рамки на меѓународните организации. 

Покрај прашањата од доменот на билатералните односи, беа разменети и мислења за мултилатералната соработка и актуелните меѓународни прашања.