Билатерални односи со Кралството Шпанија


Дипломатските односи помеѓу република Северна Македонија и Кралството Шпанија се воспоставени на 28 јули 1994 година.  


Билатерална договорна рамка: 

Склучени договори предмет на ратификација

1. „Билатерален договор меѓу Македониската Влада и Шпанската Корпорација за осигурување на кредити во извозот С.А. (ЦЕСЕ) за репрограмирање на надворешниот долг на Република Македонија“

  • склучен во Париз на 27 септември 1996 година и во Мадрид на 30 септември 1996 година. 
  • во сила од 11 февруари 1997 година

2. „Спогодба за меѓународен патен сообраќај меѓу Македонската Влада и Владата на Шпанија“

  • склучена во Скопје на 2 март 1999 година
  • во сила од 29 декември 1999 година

3. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај меѓу Македонската Влада и Владата на Шпанија“

  • склучена во Скопје на 2 март 1999 година
  • во сила од 29 декември 1999 година

4. „Договор меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за унапредување и реципрочна заштита на инвестиции“

  • склучен во Мадрид на 20 јуни 2005 година 
  • во сила од 30 јануари 2007 година

5. „Спогодба за културна, образовна и научна соработка меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада“

  • склучен во Мадрид на 20 јуни 2005 година
  • во сила од 30 јануари 2007 година

6. „Договор меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на данокот на доход и данокот на капитал“

  • склучен во Мадрид на 20 јуни 2005 година 
  • во сила од 1 декември 2005 година

7. „Договор меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за преземање на лица со незаконски престој на нивните територии“

  • склучен во Скопје на 06 Февруари 2006 година
  • во сила од 20 ноември 2006 година

8. „Договор меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за заемно признавање и замена на националните возачки дозволи“

  • склучен во Скопје на 6 октомври 2011 година
  • во сила од 28 јуни 2013

9. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Шпанија за размена и заемна заштита на класифицирани информации“

  • склучена во Мадрид, на 5 ноември 2014 година.
  • во сила од 23 јули 2015 година

Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за заемно укинување на визи во дипломатски и службени пасоши“

  • склучена во Мадрид на 3 јуни 2003 година

 

Последно ажурирање: 23 ноември 2020