Оливер Крлиу



Оливер Крлиу


Оливер Kрлиу е амбасадор на Република Северна Македонија во Кралството Шпанија од 1 април 2019 година и во Кнежевството Андора од 13 март 2020 година.

Роден e во Скопје во 1958 година.

               

ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГАЖМАН            

Професионален дипломат од 1994 година.

Вршел повеќе функции во Министерството за надворешни работи, меѓу кои: Шеф на кабинет на Министерот (2002), Државен советник за колективни безбедносни системи (2004-2005), Директор за мултилатерални односи и политичко-безбедносна соработка (2010-13), Директор на Директорат за вон-европски земји (2017-2019), и др.

Во периодот 1997-2001 (како советник), 2005-10 и 2013-16 (како министер-советник) бил заменик шеф на мисија во Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, САД  

 

ОБРАЗОВАНИЕ               

Амбасадорот Оливер Крлиу е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Посетувал повеќе програми, курсеви и обуки, меѓу кои:  Дипломатски курс на МНР на В. Британија (1994), Дипломатски курс во холандскиот институт за меѓународни односи – Клингендал (1995), Кокалис извршниот програм за лидери – Џон Ф. Кенеди Факултет за администрација при Универзитетот Харвард, САД (1999), како и Европски безбедносни студии во Џорџ Ц. Маршал Центарот, Гармиш-Партенкирхен, Германија (2002).